Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ДИК донесе одлука за детализирање задачи на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација

ДИК едногласно донесе одлука за детализирање на задачите на експерти за одржување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДИК едногласно донесе одлука за детализирање на задачите на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација.

На денешната шеста по ред седница, членовите ја изгласаа одлуката за изменување и дополнување на одлуката за формирање на стручна работна група од надворешни експерти за ИКТ, за техничка анализа и обезбедување на целосна функционалност, одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација, одлука што беше донесена на 26 февруари.

– Со ова одлука се врши изменување и дополнување на предходната одлука со цел да се детализираат задачите на работните групи кои што ги утврдуваме и кои што ја работат ова деликатна и многу важна работа за заштита, надградување, обезбедување целосна функционалност на системот за биометриска идентификација на гласачите. Само можам да спомнам дека оваа работна група за анализа и предлог на функционалност и одржување и заштита на системот за биометриска идентификација на гласачи, ќе подготви соодветна анализа, за досегашните искуства од примена на овој многу важен систем, исто така ќе ги проучи сите компаративни искуства и се она што досега го имаме спроведено, техничките можности за натамошен развој и ќе изготви соодветен предлог за понатамошно функционирање, анализа и така натаму – рече претседателот Бојан Маричиќ. 

Реклама

Членовите на ДИК расправаа и по третата точка од дневниот ред, што произлегува од оваа одлука, измена и дополнување на оваа одлука. Притоа едногласно изгласаа одлука за определување на лица, координатор, заменик координатор и членови на работната група за изработка на анализа и предлог за функционално службена заштита на системот. 

– Со цел да се обезбеди непречена функционалност и техничка заштита, нашата институција одлучи да ја формира оваа работна група на надворешни експерти, бидејќи нашата институција не располага со лица кои што се вработени тука постојано, кои имаат такво знаење и подготвеност и искуство. Оваа група и претходно функционирала во изминатиот период, откако е воспоставен овој систем и врз основа на досегашната успешна соработка, ја воспоставуваме и ја продолжуваме нивната работа, појасни Маричиќ.