Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот

Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во состав од пратениците Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Ѓорѓија Сајкоски, како и заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, од 6 до 9 мај во Будва, Црна Гора, учествуваше на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот.

Како што информира собраниската прес-служба, делегацијата била официјално пречекана од претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, кој изразил добредојде и ја потврдил важноста на меѓупарламентарната соработка во Медитеранскиот Регион.

-Генералното собрание беше одбележано со широко меѓународно учество – на настанот присуствуваа повеќе од 350 делегати од земјите членки и партнери на ПСМ. Во рамки на настанот беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Парламентарното собрание на Медитеранот и Парламентарната мрежа на Неврзаното движење, со што се отвора нова страница во меѓународната парламентарна соработка. Во рамки на богатата програма беше промовиран проектот на ПСМ „Cognitive Capital”, иновативна иницијатива поддржана со вештачка интелигенција, насочена кон унапредување на знаењето и капацитетите во медитеранскиот регион. Исто така, беше одржана и свечена церемонија за доделување на наградите на ПСМ за 2026 година, на која беа признати извонредни придонеси во областа на парламентарната дипломатија и регионалната соработка, се наведува во соопштението. 

Реклама

Во текот на Генералното собрание биле разгледани и ставени на гласање шест предлог-одлуки кои опфаќаат клучни теми од актуелниот меѓународен контекст – безбедност, борба со тероризмот, миграција и заштита на човековите права. По секоја од овие точки, како што информира собраниската прес-служба, „делегацијата на Република Северна Македонија јасно ги изнесе своите ставови и позиции, придонесувајќи кон конструктивниот дијалог на Собранието“.

-Шефот на Делегацијата, пратеникот Сали Мурати, активно учествуваше во два тематски панела: „Политичка и безбедносна соработка во Евромедитеранскиот и Заливскиот Регион” и „Глобални трендови во однос на одржливоста и еколошките предизвици во регионите на ПСМ”. Во своето излагање на панелот посветен на безбедноста, пратеникот Мурати нагласи дека мултилатерализмот претставува единствениот одржлив пат кон мир, стабилност и безбедност во современиот свет. Тој потенцираше дека членството на Македонија во НАТО не е само формален чекор, туку длабока стратешка определба за колективна безбедност, меѓусебен дијалог и активна меѓународна соработка. Пратеникот Мурати упати конкретен повик кон сите земји членки за зајакната парламентарна соработка, систематска размена на информации и разузнавачки сознанија, како и за изградба на заеднички пристап во справувањето со безбедносните предизвици, нелегалната миграција и меѓународниот тероризам, стои во соопштението. 

На сесијата посветена на глобалните трендови на одржливост и еколошки предизвици, пратеникот Мурати го потврдил цврстиот ангажман на Македонија во областа на заштитата на животната средина, истакнувајќи ја оваа тема како еден од највисоките национални и регионални приоритети.

-Тој информираше дека државата во изминатите години презела конкретни и мерливи чекори во насока на развој на обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност и воспоставување современи системи за управување со отпадот. Воедно, пратеникот Мурати укажа на сериозната закана која ја претставуваат загадувањето на воздухот и климатските промени, кои директно и мерливо влијаат врз секојдневниот живот и здравјето на граѓаните. Во заклучокот на своето обраќање, тој упати силен повик за засилена регионална и меѓупарламентарна соработка, трансфер и размена на технологии, како и за конкретни и координирани активности насочени кон одржлив развој и долгорочна заштита на животната средина во Медитеранскиот Регион, информира Собранието.