Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Данокот на имот и комуналната такса стружани можат да ја платат и онлајн

Општина Струга почна со дистрибуција на решенијата за плаќање данок на имот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струга почна со дистрибуција на решенијата за плаќање данок на имот за физички и правни лица и за комунална такса – фирмарина. Граѓаните имаат можност за првпат обврските да ги подмират и онлајн, соопшти општинската прес-служба.

Општината aпелира до сите граѓани и правни субјекти да ги подмират своите обврски во законски предвидените рокови, со цел да се избегнат пенали и дополнителни трошоци.

– Новина оваа година е можноста обврските да се подмират и онлајн, преку официјалната платформа на Општина Струга на https://e-tax.struga.gov.mk/, со што значително се олеснуваат процедурите за граѓаните, особено за дијаспората. Ги повикуваме сите граѓани и правни субјекти да ги подмират своите обврски навреме, стои во информацијата.

Реклама

Локалните власти предупредуваат во случај на неплаќање во законскиот рок, ќе се активира даночен извршител, што е дополнително зголемување на трошоците за обврзниците.

– Комуналните такси претставуваат клучен извор за развој на градот, овозможувајќи реализација на проекти во инфраструктурата, подобрување на јавните услуги и нови инвестиции во заедницата, посочува Општина Струга.