Реклама
Македонија

Резолуција на ВРЕДИ за зајакнување на жената и семејството

Во рамки на активностите на Конгресот на ВРЕДИ, кој ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите на Конгресот на ВРЕДИ, кој ќе се одржи на 9 мај и на кој се очекува коалицијата да се трансформира во заедничка политичка партија, Форумот на жени на ВРЕДИ организираше презентација на Резолуцијата на жените.

Резолуцијата ја реафирмира посветеноста за подостоинствено претставување на жените во јавниот и институционалниот живот, поддршка на семејството, мајчинството и наталитетот, како и заштита на правата на жените и децата, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Во документот се нагласува важноста на активното учество на жените во процесите на одлучување, оценувајќи дека нивната вклученост е суштинска за добро владеење и одговорни политики.

Реклама

На настанот беше истакнато дека ВРЕДИ веќе покажал конкретна посветеност кон застапеноста на жените, како во пратеничката група, така и на важни позиции во извршната власт и државните институции.

Форумот на жени на ВРЕДИ нагласи дека обединувањето на ВРЕДИ во политичка партија ќе создаде уште поголем простор за унапредување на улогата на aлбанските жени во политичкиот и јавниот живот.