Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Потврдена затворска казна за гинекологот Асани – три години затвор за случајот со Веапоска

Директорот на струшката болница Мухамед Асани, кој ја остави родилката Јулдиз Веапоска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на струшката болница Мухамед Асани, кој ја остави родилката Јулдиз Веапоска без матка, бубрег и јајник, оди зад решетки. Битолска апелација ја потврди тригодишната затворска казна, а во сила останува и забраната за вршење лекарска дејност во траење од пет години. Дискутабилно е дали ова значи крај на кариерата на гинекологот Асани, кој се товари за тешки дела против здравјето на луѓето. На останатите осомничени, синот на Асани, Блертон и докторката Лилјана Јовановска, ќе им се суди од почеток.

„Потврдена е првостепената пресуда за првообвинетиот, тоа значи во тој дел таа првостепена пресуда стана правосилна. А што се однесува за второ и трето обвинетите, уважена е жалбата на јавното обвинителство и предметот е вратен на повторно разгледување и одлучување. Тоа подразбира за второ и трето обвинетиот повторно ќе се суди и судењето ќе почне од почеток“ – вели Сашо Јанев, адвокат на Веапоска.

Мухамед Асани ќе треба да ја одлежи казната затвор во Битола или во Струга. До формалната одлука за ова, која треба да ја донесе судот, тој секој ден ќе може да оди на работа. Неговите адвокати најавуваат жалба до Врховен суд.

Реклама

„Ќе поднесеме барање за вонредно преиспитување на пресудата до Врховен суд со барање за одлагање на казната до одлука на Врховниот суд“, изјави Игор Петковски – адвокат на Мухамед Асани.

Жалбата до Врховен не го одложува спроведувањето на затворската казна. Штом се изготви решението, Асани ќе мора да се јави во затвор. Инаку, за потсетување, обвинителството во долгата и мачна 4-годишна голгота, по безброј одложувања, докажа дека тој бил виновен затоа што ја оставил Јулдиз Веапоска без три органи. Таа беше оперирана во 2018-та година и доколку не била препратена на скопскиот клинички центар, целата ситуација би завршила дури со смртен исход, констатираше судијата Јордан Јованов при изрекување на пресудата.