Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Се врати надежта за целосно заокружување на проектот Плаошник со реставрација на Свети Климентовиот универзитет

На јужните падини над Охридското Езеро, во срцето на Плаошник се издига…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На јужните падини над Охридското Езеро, во срцето на Плаошник се издига „Свети Пантелејмон“ – храм кој не само што го носи печатот на вековите, туку и тишината на молитвите што никогаш не згаснале. Бидејќи тука, под сводовите, почива Свети Климент Охридски. Ова не е храм што импресионира со големина, туку со скромност што зборува погласно од раскош.

Изминаа цели 26 години од повторното заживување на Свети Климентовата црква и 15 години од започнувањето на проектот за возобновување на Св. Климентовиот универзитет на Плаошник, кој според најавите требаше да биде готов до 2017-та година.

Плаошник е крстопат на духовноста и идентитетот. Овој простор сведочи за континуитет што ретко се среќава. Овде се вкрстуваат патиштата на цивилизациите, вели митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј. Востоличен пред една година, негов приоритет е токму светилиштето на писменоста.

Реклама

„Плаошник, местото каде што Свети Климент на времето поучувал, се молел, бдеел, го изградил универзитетот. Сега е едно прекрасно светилиште, но јас би сакал тој простор да го видам заживеан. Да биде место за средиште, да биде повторно како во времето на Свети Климент – полно со ученици, со луѓе кои разменуваат свои мислења. Затоа што Охрид ни е ликот пред светот, ама тој лик прво ние самите себеси ќе мораме достојно да си го украсиме“, вели митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.

Градежните активности беа стопирани скоро деценија. Актуелниот министер за култура пред две години посочи дека Плаошник е во лоша состојба.

„Ситуацијата овде е очајна на сите места каде што бевме и морам да кажам дека во изминативе 7 години нашето културно наследство е тотално загрозено, дека воопшто немало никаква грижа, не се одвојувале никакви финансиски средства и е доведена во една очајна состојба, оставена на забот на времето“, рече Љутков (13.07.2024).

Лани Охрид доби 36 милиони денари за возобновување на Свети Климентовиот универзитет. Премиерот Мицкоски сега најави целосно заокружување на проектот Плаошник.

„Следен проект кој што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е Плаошник. Конечно да го завршиме тој проект, почнат од пред многу време, за жал не бил во приоритетите на многу влади претходно. Оваа година, имајќи предвид можностите на буџетот, одвоивме скромна сума на средства. Важно е да се доподготви проектната документација и следната година многу посилно да се излезе на терен“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку, првичниот проект предвидуваше изградба на 23 објекти, но под притисок на УНЕСКО ќе се градат 6, и тоа: резиденцијалниот објект на МПЦ, конак, Богословскиот факултет, библиотека и музејскиот комплекс со галерија на икони и центар за хуманистички науки.