Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Продолжен викенд во Охрид: Врие од туристи од Европа и домашни

Охрид кој е меѓу само 28-те места во целиот свет кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид кој е меѓу само 28-те места во целиот свет кои се на листата на УНЕСКО поради природните и културни богатства и кој се вброи меѓу 30-те најубави мали градови во Европа,никого не остава рамнодушен. Продолжениот празничен викенд го раздвижи нашиот  туристички центар, донесувајќи гости од целиот свет. Вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот бисер, најбројни се гостите од опкружувањето ,а забележливо е присуство и на гости од многу европските земји. Широка насмевка ги краси лицата на странските туристи чиј пат ги навел во Охрид.

Доаѓаме после 15 години и зачудувачки, не дочека истата слика, градот како да застанал во времето.Ме фасцинара тоа што стариот дел на градот оставал ист,непроменет. Ладно е за пикник,но неодминлива дестинација е Свети Наум.- Ова е убав град, ги сакам македонците, го сакам македонскиот јазик кој и го говорам. Едноставно ја сакам Македонија бидејќи и влечам корени од тука. Деновите ни се испланирани, ќе одиме на крстарење, ќе ги посетиме сите знаменитости на Охрид. Синот се вика Наум,затоа со огромна радост ќе го посетиме и комплексот Свети Наум. -Имам пријатели од Македонија кои ни предложија да ја посетиме. И не погрешивме што дојдовме, ќе понесеме убави впечатоци.Ова е град музеј”-велат туристите

Никој не се фаќа за џебот, уживаат во долгите прошетки по чаршијата, кејот, обиколувајќи го стариот дел на градот,вдишувајќи ја убавината на големото плаветнило.

Реклама

Иако календарски сме на прагот на летото,временски услови повеќе потсетуваат на доцна есен,а со нив како да се менуваат и навиките. За разлика од минатото, кога први мај значеше полни излетнички места, мирис на скара и наздравувањата со чаша добро вино или ракија во природа, денес таа традиција сè повеќе избледува.

Веќе сме на пикник во најубавиот Охрид. -Претежно дома сега, не е тоа време што беше,нели. -Планирам пикник,но не знам со времето како ќе биде, но сепак ако не денес , утре сигурно. Гледате разлика како порано сме го славеле први мај ? Голема разлика, голема имаше дружба, го очекуваме тој момент да се собереме, да наздравиш и песна, ама сега песна тешко се слуша-велат граѓаните

Но, музиката сепак не изостана. Во срцето на Охрид, низ улиците и плоштадите, продефилираа членови на културно-уметнички друштва од 7 држави кои учествуваат на меѓинародниот фестивал “Костоски” .Звуците на народните инструменти и разиграните чекори внесоа топлина  во градот.

-“Па ние прв пат сега се запознавме со нив тука ,со песни, со ора насекаде пееме,еве до Света Софија ќе одиме со песни и со ора. -Ние сме од Хрватска,но сме челнови на словенско културно друштво од Умаг.Одлично е,дружбата е прекрасна.-Со голема радост дојдовме тука да ја преставиме словенската народна музика,не има 60-тмина. Дојдоме во Македонија бидејќи многу убаво се разбираме,а Охрид е прекрасен”-велат учесниците на фестивалот

Охрид останува место каде што празничниот дух секогаш наоѓа начин да оживее. Охрид не обврза секоја година да доаѓаме и не само тоа, си ветивме дека ќе доаѓаме побројни-да се дружиме со вас, да се спријателиме-велат нашите соговорници.