Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Започна изградбата на првата катна гаража во Охрид

Изградбата на првата катна гаража во Охрид е историски момент. Се работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на првата катна гаража во Охрид е историски момент. Се работи за проект чија реализација 4 децении беше ветувана, а е од суштинско значење за туристичкиот центар и врвен приоритет и на централната и на локалната власт.

„Проект за кој што се боревме 3-4 години документационо да ја завршиме работата, со 300 проблеми. Знаете, имавме изјави на некои дамнешни, поранешни министри за култура дека катната гаража не била од јавен интерес, меѓутоа имаме влада која што е силно посветена на потребите на граѓаните и документацијата буквално ја завршивме за кратко време“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Катната гаража ќе има капацитет за околу 200 паркинг-места, ќе биде на 5 ката, а треба да биде готова за година и пол, односно пред почетокот на идното лето. Се работи за инвестиција тешка над 2 милиони евра.

Реклама

-Ова беше проект за кој што претходната влада велеше дека не може да се реализира, но законските измени кои ги направивме на почетокот на мандатот на оваа влада отворија можност за реализација на вакви капитални проекти, истакна министерот за транспорт и врски, Николоски.

„Морам да кажам дека беше предизвикувачки аспект што требаше да се вклопат три различни заштити тука. Едната е секако генералната заштита на УНЕСКО, втората е заштитата на културното наследство и третата е архитектонската заштита. Сите три се направија со поддршка на општината, со поддршка на Завод и музеј Охрид, Министерството за култура и сите надлежни институции. И финално во можност беше Министерството за транспорт да ја издаде градежната дозвола. Имајте предвид дека се работи за објект што е во директна надлежност на државата“, вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Премиерот Мицкоски ја поздрави динамиката со која се спроведуваат и другите капитални проекти, како автопатот Кичево–Охрид, кој што ќе биде готов до средината на идната година. Охрид ќе добие лик каков што заслужува, истакна Мицкоски.

„Следен проект на кој што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е Плаошник, конечно да го завршиме тој проект, почнат пред многу време, за жал не бил во приоритетите на многу влади претходно. Оваа година, имајќи ги предвид можностите на почетокот, одвојуваме скромна сума средства. Важно е да се подготви проектната документација и многу посилно да се излезе на терен“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во рамките на денешната посета на Охрид, премиерот и вицепремиерот направија увид во реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот и новата пумпна станица во Метропол.

Охрид во моментов е буквално градилиште, се спроведуваат и реализираат проекти финансирани и од државниот и од буџетот на општината. Станува збор за приближно 15 милиони евра, потенцираше градоначалникот Пецаков.