Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Почна поставуавњето на термо-техничка инсталација во спортската сала во Куманово

Почна поставувањето на нов систем на греење и ладење во спортската салата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна поставувањето на нов систем на греење и ладење во спортската салата во Куманово, соопштија денеска надлежните. Проектот се реализира со финансиски средства обезбедени од вториот владин повик за инфраструктурни проекти. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека општина Куманово почна со поставување нов систем за греење и ладење, инвестиција со која ќе се подобрат условите за одржување на спортски натпревари, тренинзи и други активности.

Според договорот за јавна набавка, проектот опфаќа поставување нова машинска и техничка опрема, инсталација на системи за загревање, вентилација и придружна инфраструктура, со цел салата да има поефикасно затоплување во зимскиот период, но и подобра вентилација и регулирање на температурата во текот на целата година. Рокот за реализација на работите е 60 дена од воведувањето на изведувачот во работа. Со оваа инвестиција, спортската сала во Куманово се очекува да добие современи услови за спортување, што ќе придонесе за поквалитетна подготовка на спортистите, подобри услови за натпревари и поголема енергетска ефикасност на објектот. Проектот е финансиран од Владата, преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 52,8 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Реконструкција на салата се одвива постепено и досега општината вложи околу два милиони евра низ годините наназад. Претходно, реконструкција опфати замена на кровниот покривач со изолација, изработени се нови епоксидни подови, обновени се сите санитарни јазли, реконструирани се фекалната и атмосферската канализација. Спортскиот терен доби современ покривач, целосно е реконструирана боксерската сала и изградена е стрелана за спортска стрелба. Салата располага и со нови соблекувални, теретана и современ систем на осветлување, нов семафор, трибини. Салата сега функционира согласно стандардите на ФИБА има капацитет од околу 3.200 до 3.300 седишта.

Реклама

Спортската сала во Куманово е изградена пред четири и пол децении и една од најубавите затворени сали во државата и пошироко.