Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Собранието ја почна 98. седница, но на барање на ДУИ расправата за техничката влада ќе продолжи по еден час

Собранието денеска го започна продолжението на 98. седница на која на дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска го започна продолжението на 98. седница на која на дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за Владата, со којшто се предвидува укинување на техничката влада. За збор се пријавија 13 пратеници, но координаторката на Европскиот фронт Рина Ајдари побара еден час пауза за дополнителни консултации. 

На дневен ред на оваа седница освен овој закон е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство. 

На претходното продолжение на седницата, заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците потенцираше дека преодната, односно техничката влада за спроведување на избори на пратеници во Собранието, воспоставена како законски модел односно привремено решение во услови на изразена политичка и институционална криза, имаше за цел обезбедување консензус за организирање и спроведување на изборни процеси. Ваквиот модел, како што рече, произлезе од политичките договори постигнати во 2015 година и првпат беше применет при подготовката и одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и во наредните изборни циклуси.

Реклама

Предложеното законско решение со одложната примена, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.

– Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог закон се воспоставува јасна  и применлива  правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото. Со предложеното законско решение се воспоставува стабилна и предвидлива правна рамка со која се уредува, се воспоставува стабилна и реална, односно техничка влада до денот на објавувањето на конечните резултати и распределба на мандатите по изборни единици од Државната изборна комисија за првите по ред избори за пратеници во Собранието на Р. Македонија спроведени по денот на влегување во сила на овој закон, по што се создаваат услови за негово укинување – нагласи Јаќимоски.

Со измените на Законот за Влада се врши и усогласување со законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа од 2024 година, од терминолошки карактер во однос на усогласувањата на називите на министерствата во рамки на моделот на преодната влада. 

На дневен ред на продолжението на 98. седница се и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, сите по скратена постапка.