Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Драма во Охрид – параглајдер слета меѓу пешаци, се бара зајакната контрола на летовите

За влакно избегната стравична трагедија која можеше да одземе најмалку 3 животи.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За влакно избегната стравична трагедија која можеше да одземе најмалку 3 животи. Сред бел дел на најфреквентната пешачка патека во Охрид кај Студенчишта, сред народ, слетаа двајца параглајдеристи. На овие аматерски снимки јасно се гледа како во последен момент мајката го спасува своето дете, додека параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, по што удри во столб за улично осветлување и целосно го откорнал. Граѓаните се крајно револтирани и бараат поголема контрола и институционална будност.

„Жалосно е тоа што се случи, ама тоа е тоа, пак се избегна некоја трагедија. Точно, треба да се има одредено место каде што треба да се спушта, не може секаде и сè е хаотично. Обично таму се спуштаат кај кафичите, дали е тоа соодветно место или не, не знам. Јас ги сакам екстремните спортови, но пешачка патека не е место за слетување. Очекувам дека кога летате со параглајдер, треба со вас да има некој кој ќе ве усмерува со поголемо искуство, ова што се случи е недозволиво“, велат граѓаните.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Алфа велат дека секој лет со параглајдер треба да биде најавен во охридската контрола на летање. Местото кое го користеле за слетување не е дозволено, Охрид има неколку локации предвидени за таа намена. Додаваат дека Агенцијата работи на идентификација на параглајдеристите, по што ќе се утврдува дали го најавиле летот и дали поседувале дозвола за летање.

Реклама

Од охридската планинарска спасителна служба велат дека несреќи се случуваат кога се работи за екстремни спортови, но време е сите чинители да седнат на заедничка маса.

„И сето тоа е прашање кое мора итно да ги собере сите институции заедно. Ние стоиме на располагање секогаш за да дадеме соодветни позитивни совети, за да го намалиме ризикот. Несреќи секогаш ќе се случуваат, но многу е погрешно ако се извлече заклучок дека сега, по оваа несреќа, ќе забраниме. Забраната е само доказ за непостоење на систем и механизам како надлежните да стават ред во одредена сфера“, вели Антонио Додевски од планинарската спасителна служба.

Нефицијално станува збор за германски државјани кои полетале од месноста Баба и се обиделе да слетаат во тревникот кај угостителските објекти, каде нема ветроказ, а засега никој не знае колку биле искусни.