Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Николовски: Прилепските компании се заинтересирани за железничкиот карго-превоз, оперативниот план треба да се реализира за 6 до 12 месеци

Работиме на оперативниот план на ревитализација на железницата и враќање на карго-превозот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работиме на оперативниот план на ревитализација на железницата и враќање на карго-превозот за што се заинтересирани прилепските големи компании. Планот треба да го реализираме за 6 до 12 месеци, трошоците на компаниите двојно ќе се намалат, а ние ќе ги зачуваме патиштата и животната средина – изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, при денешната посета на Прилеп. 

Николоски се сретнал и со големите прилепски кмпании.

– Сериозно работиме на ревитализација на железницата. Денеска се сретнав со најголемите компании од Прилеп и разговаравме повторно да се врати карго-сообраќајот во Прилеп, што ќе значи многу поевтин транспорт за компаниите и ќе значи повеќе работни места. Направивме оперативен план, кој треба да го реализираме во период од 6 до 12 месеци, и целосно да ја заживееме железницата. Ќе помогне за екологијата, но и да се заштитат големите инфраструктурни објекти, автопатиштата – изјави Николоски. 

Реклама

Министерот за транспорт направи увид на работите на уредувањето на патеките на кејот „1 Мај“ во Прилеп, еден од трите проекти што ги финансира Министерството за транспорт. Уредувањето на кејот со патеки и урбана опрема е при крај и е во должина од 700 метри, а во вредност од 7 милиони денари.

Николоски најави дека Прилеп, кој ја има целосната владина поддршка, ќе добие и два големи моста.

– Овој проект е поддржан од Министерството за транспорт и врски во соработка со Светската банка. Работиме уште два проекти следниот период. Едниот е за улицата 11 Октомври, а вториот е за генерално забавување на сообраќајот, имајќи предвид дека безбедноста е пред сѐ. А се работи на големи инфраструктурни проекти, некои се реализираат, други се во постапка на тендерирање. Градот првпат ќе види два големи моста, кои се реализираат на реката. Едниот веќе е во градба, за вториот во тек е тендерска постапка, така што одиме со силна поддршка на Прилеп – рече Николоски. 

За обиколницата кај Прилеп, Општината работи на проектирањето. По проектирањето, Владата ќе ја преземе обврската да најде изведувач, а ќе обезбеди и финансии за да се заврши проектот. 

Според прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, забрзани се активностите за изградбата на едниот мост, што се смета за најголем капитален проект, вреден 138 милиона денари.

– За изградбата на мостот кај Табаана, што ќе има и кружен тек на сообраќајот, во моментот градежните активности се над нивото на реката и се поставуваат главните носечки столбови – рече Проданоски.

Во врска со уредувањето на реката, во план се уште два проекти во наредниот период за кејско уредување, но и за можност за нови паркинг-места користејќи го искуството на Штип.