Реклама
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на интелектуална сопственост со традиционалната манифестација „Патент на годината 2025″

Свечено одбележување на Светскиот ден на интелектуална сопственост 26-ти Април заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свечено одбележување на Светскиот ден на интелектуална сопственост 26-ти Април заедно со традиционалната манифестација „Патент на годината 2025″ организира денеска Државниот завод за индустриска сопственост.

Настанот, како што се наведува во најавата на Државниот завод, има цел да го афирмира системот на заштита на правата од интелектуална сопственост од страна на повеќе таргетни групи и да се воспостави посилна врска меѓу образовните, научните и истражувачките институции, културата и комерцијалниот сектор.

Свеченоста ќе се одржи во хотел Хилтон, со почеток во 13:00 часот, а на неа ќе бидат присутни пронајдувачи, претставници од академски институции, претставници од стопанството, застапници и други еминентни гости кои директно и индиректно вклучени вo активностите на заштитата на правата од индустриска сопственост.