Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Туристичка полиција за ред во Охрид – решение за хаосот со нелегалните водичи

Под итно, по примерот на земјите од опкружувањето, да се формира туристичка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под итно, по примерот на земјите од опкружувањето, да се формира туристичка полиција доколку сакаме да воведеме ред, бидејќи на ривиерата повеќе од две децении владеат безредие и хаос. Нелегални туристички водичи од странство, сред Охрид, произволно ја презентираат и ја искривуваат нашата историја, култура и традиција. Се потенцира дека, според Законот за туристичка дејност, тоа е казниво и треба да биде санкционирано. Странци кои немаат положено испит за туристички водич и не се резиденти во државата не смеат да ја вршат оваа дејност на нашата територија.

„Никогаш не смее да се дозволи улогата на генерален туристички водич да ја преземе тур-лидерот, односно придружникот на групата, бидејќи сите од различни аспекти го интерпретираат наследството, а живееме во регион со специфичности што нè разликуваат од соседите и имаме официјална историја која мора да им се пренесе на туристите“, вели проф. д-р Климент Наумов од ФТУ Охрид.

Или треба да се зголеми бројот на туристички инспектори, кои во Охрид се само двајца, или да се формира посебно тело што ќе ги санкционира овие појави, за еднаш засекогаш да се воведе ред во туризмот.

Реклама

Министерот за култура, Зоран Љутков, истакна дека проблемот ќе го разгледува Националниот совет за туризам, кој веќе од идниот месец ќе работи на национална стратегија за развој на туризмот.

„Треба да излезат со официјални информации и предлози, и во однос на стратегијата, и во однос на Законот за туризам, но и за туристичката полиција. Во Советот членуваат сите релевантни институции, здруженија и професори, па затоа сме соочени со проблем што не е присутен само во Охрид, туку и во други туристички градови, иако овде е најизразен“, изјави министерот за култура, Зоран Љутков.

Туристичките експерти посочуваат дека никаде во светот не е дозволено некој во туѓа држава да зборува за културно-историските споменици, историското наследство и природните карактеристики без соодветна лиценца. Како добар пример ја наведуваат Црна Гора, каде комуналната полиција ги санкционира сите оние водичи што нелегално ја вршат туристичката дејност – дејност од која директно зависи промоцијата на државата, нејзината историја, јазик, култура и традиција.