Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк

Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк, попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк, попладнево соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

– Дадениот збор пред граѓаните е обврска што мора да се исполни. Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови што со години се наталожуваа на ова место. Од сите бушотини ќе се земаат примероци што ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите, напиша градоначалникот.

Паралелно, како што додаде, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата.

Реклама

– Вардариште ќе стане минато. Она што со децении беше симбол на запоставеност и извор на ризици по здравјето и никој не успеа да го реши, ние го претвораме во можност и нов почеток. На ова место ќе никне современ мега-парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје, се наведува во објавата.

Се најавува да биде новото срце на градот, место каде семејствата ќе создаваат спомени, младите ќе спортуваат, а природата повторно ќе го врати својот изгубен сјај.

– Градиме иднина во која зеленилото не е луксуз, туку стандард, а здравата животна средина, приоритет. По завршувањето на целиот процес, ќе изградиме и мост што ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, значително намалувајќи го сообраќајниот метеж и создавајќи побрза и пофункционална градска поврзаност, се додава во објавата.

Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела.

– А делата се нашиот препознатлив знак, подвлече скопскиот градоначалник.