Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски денеска оствари работна средба со директорот на Народна техника на Македонија, Пере Митрев. На средбата се разговараше за тековни активности. Се разгледуваа можностите за унапредување на соработката помеѓу Општината и Народна техника на Македонија, со цел поттикнување на развојот и реализација на заеднички проекти.
-Особена чест за нас беше што токму во нашата Кино сала, минатата година се одржа свеченото отворање и проекцијата на наградените филмови од 54. Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија што го организираше Народна техника на Македонија и Кино сојузот со поддршка на Агенција за филм на Македонија. Искрено веруваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, носејќи уште поголеми резултати и нови можности за развој на нашата општина, изјави виничкиот градоначалник Костадиновски.
