Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Бизнис

Владата со 61 мерка ќе ја намалува зависноста од увоз на струја и ќе го зголемува домашното производство

26 мерки за намалување на загадувањето, 20 мерки за енергетска ефикасност –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

26 мерки за намалување на загадувањето, 20 мерки за енергетска ефикасност – да трошиме помалку струја и греење, а да имаме ист или подобар ефект. Три мерки се за енергетска безбедност, 11 мерки се за подобрување на пазарот на електрична енергија – повеќе конкуренција и подобри услови. И една мерка е насочена кон нови технологии, иновации и развој – со овие 61 мерка  Македонија оди кон посигурна и независна енергија. Владата донесе нов план со кој треба да се намали зависноста од увоз на струја и да се зголеми домашното производство, особено од сонце и ветер. Најголем дел од мерките на Министерството за енергетика, се за намалување на штетните гасови и за штедење енергија, односно да се троши помалку струја и греење.Според надлежните, овие мерки ќе придонесат граѓаните да имаат  почист воздух, помали сметки и посигурна енергија.

“Во наредниот период, државата ќе преземе конкретни чекори за: засилени инвестиции во сончева, ветерна и хидроенергија,  воведување систем за цена на јаглерод, согласно европските стандарди, развој на складирање на енергија и модерна енергетска инфраструктура, постепено напуштање на јагленот како енергенс” – велат од Министерството за енергетика.

Владата паралелно, ќе ја зајакнува енергетската сигурност – преку нови врски со соседите и повеќе извори на енергија.Од Министерството велат дека планот е изработен со експерти и по европски стандарди, а направени се и анализи за влијанието врз животната средина и здравјето.

Реклама

Во Македонија масовно се градат енергетски проекти. Се ретартираа градежните работи на далекуводот од Битола до Ќафасан на границата со Албанија. Проектот треба да финишира за 30 месеци или кон крајот на 2028-мата година и е во вредност од околу 19,7 милиони евра. Паралелно се работи и на интерконекторот за гас со соседна Грција, а се планира гасно поврзување со северниот сосед Србија. Инвестицискиот циклус вклучува ветерен парк и когенеративни централи како и модернизација на мрежата.