Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Завршува реконструкцијата на две улици во штипската населба Сењак

Завршува целосната реконструкција на улиците „Дуго Село“ и „Митрашинска“ во штипската населба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршува целосната реконструкција на улиците „Дуго Село“ и „Митрашинска“ во штипската населба Сењак. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека претходно на овие две улици се замени старата водоводна и канализациона мрежа, а денеска почна нивното асфалтирање.

Тој посочи дека зголемените цени на нафтата и материјалите може да влијаат врз динамиката на реализацијата на останатите проекти во текот на градежната сезона.

-Во агендата и предвидениот план за работа се ставени и други улици, кои ќе бидат исто уредени во периодот кои што ќе следи. Она кое ќе биде како предизвик е ценовните зголемувања на материјалите, со кои се врши практично асфалтирање, зголемувањето на цената на нафтата и цената на чинење на асфалтната маса е предизвик, a кои што ќе влијаат на динамиката на работата. Но, посакувам сето она кое што го имаме во план да биде завршено – рече Јорданов. 

Реклама

Штипскиот градоначалник најави и дека деновиве ќе почне трасирање на нова сообраќајница, која практично треба да поврзе две постоечки сообраќајници. Станува збор за нова улица од населбата Каваклија до кружниот тек кај зградата Порта пролет во Штип.