Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Перински: Почна консултативниот процес за унапредување на меѓуопштинската соработка

Меѓуопштинската соработка не е доволно препознаена како ефикасен механизам за зголемување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓуопштинската соработка не е доволно препознаена како ефикасен механизам за зголемување на економичноста и квалитетот на услугите. Иако законот е замислен како инструмент за надминување на јазот меѓу помалите општини и оние со поголеми административни и финансиски капацитети, токму општините со најголема потреба се соочуваат со ограничени ресурси и недоволни капацитети за самостојно воспоставување вакви форми на соработка – рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на консултативниот настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“.

Настанот го организираа Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а учествуваа градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Пред присутните беше презентирана оценката за примената на Законот за меѓуопштинската соработка, донесен во 2009 година, како и подзаконските акти што произлегуваат од него. Анализата покажа дека во изминатиот период е постигнат одреден напредок во спроведувањето на законските одредби, но истовремено се идентификувани и сериозни предизвици.

Како клучни слабости беа посочени потребата од финансиска поддршка за поттикнување на меѓуопштинската соработка, отсуството на систематски пристап за нејзино следење и недостигот на сеопфатни анализи – фактори, кои, како што беше истакнато, значително ја ограничуваат практичната примена на законот.

Реклама

Министерството за локална самоуправа најави дека почнува отворен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка, во кој ќе бидат вклучени сите општини, донаторската заедница и експертската јавност. Целта е да се детектираат потребните измени, со кои ќе се олесни и поттикне меѓуопштинската соработка како важен инструмент за поефикасно и одржливо вршење на надлежностите на локално ниво.

Воведна презентација имаше државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Јулијана Павковска-Боцевска, која се осврна на позиционирањето на Министерството за локална самоуправа во функција на унапредување на меѓуопштинската соработка и имплементација на препораките од оценските мисиии во рамките на функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрација, по што беше презентиран и извештајот за остварена меѓуопштинска соработка во 2025 година од страна на раководителот на Секторот за локална самоуправа во рамките на Министерството.

Во делот за имплементирање на препораките од извештајот за мониторинг од оценската мисија, во согласност со начелата на јавната админстрација на СИГМА од 2024 година, говореше Баграт Туњан, раководител на професионалниот тим за стратешко планирање и развој на политики и раководител за Македонија.

Во рамките на панел-сесијата „Меѓуопштинската соработка како механизам за премостување на предизвиците при испорака на локалните услуги“ учествуваа Ане Лашковска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Елизабета Чуповска, државен секретар во Министерството за одбрана, Славе Андонов, градоначалник на општина Василево, Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци, и Трајче Здравков, директор на Центарот за развој на Источниот Плански Регион.