Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

– ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката, во која е вкалкулирано и намалувањето на ДДВ од 18 на 10 отсто, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,39 отсто. 

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 95,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму останува 86,5, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 останува 88,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари со што новата максимална малопродажна цена ќе изнесува 92 денара за литар. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,157 денари за килограм и ќе изнесува 47,610 денари.

Од РКЕ потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Реклама

-Доколку останеше на сила ДДВ-то од 18  отсто цената на бензините ќе беше повисока за 6,5, а дизелот за 10,5 денари за литар, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа 93 денари за ЕУРОСУПЕР БС – 95, 95 денари за ЕУРОСУПЕР БС – 98, 102,5 денари за ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), 99 денари за Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) и 51,073 денари за Мазут М-1 НС, информираат од РКЕ.

Истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување  кај бензините во просек за 13,592 отсто, кај дизелот за 16,531, кај екстра лесното масло за 15,222 и кај мазутот за 9,207 отсто Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7145 отсто.