Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Прилози

Трамп го одложи ударот врз Иран, цената на нафтата останува предизвик на светските пазари

Ултиматуми, закани за срамнување со земја, контраудари, па сè до запирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ултиматуми, закани за срамнување со земја, контраудари, па сè до запирање на војната и преговори – состојбата на Блискиот Исток и Иран е целосно конфузна. Единствена константа е растот на цената на нафтата. И покрај благите падови, кои главно зависат од тоа колку е воинствена изјавата на американскиот претседател Трамп, цените се во постојан раст и еден барел нафта не паѓа под 100 долари. Тоа главно се должи на фактот што Ормутскиот теснец, главната артерија за превозот на нафтата, останува затворен веќе трета недела.

По 48-часовниот ултиматум до Иран да го отвори теснецот или да се соочи со целосно уништување на енергетската инфраструктура, Трамп ретерираше и најави дека ќе ги одложи нападите додека траат разговорите со Техеран.

Телоп Трамп „Задоволство ми е да известам дека Соединетите Американски Држави и државата Иран во изминатите два дена имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со целосно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток“,

Реклама

Во меѓувреме, состојбата на терен се влошува по израелските напади кои предизвикаа реакција од Иран. Техеран се закани дека ако не запрат нападите, тие ќе возвратат и, освен енергетските капацитети, ќе ги уништат и капацитетите за десалинизација, со што ќе го остават целиот Блиски Исток без вода за пиење.

Ваквата топло-ладна реторика ги збунува берзите кои реагираат на секоја изјава и закана, но крајната цена зависи од состојбата на терен.

Телоп Вандана Хари „Побарувачката за нафтата може да се менува поради заканите и реториката во блиска иднина, но нејзината потрајна насока ќе продолжи да биде обликувана од состојбата на тековите на нафта на Блискиот Исток“.

Како што е познато, затворањето на Ормутскиот теснец – една од најважните артерии низ која минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта и гас – речиси го блокираше глобалниот проток на енергенси. Последиците се веќе видливи: скок на цените, нестабилни пазари и растечка нервоза кај владите и индустријата. Во регионот, најкритично е во Словенија, каде поради недостиг на гориво, воведени се привремени ограничувања за купување дизел, а ограничено е и дневното точење на само 50 литри за приватни возила и 200 литри за компании и приоритетни корисници. Во Хрватска се разгледува опцијата за повторно ограничување на цените, како и продолжување на т.н. пролетен пакет мерки за поддршка на граѓаните.

Изјава Пленковиќ „Мора да го спречиме големиот скок на цените на горивата кои недвосмислено се зголемуваат со оглед на ситуацијата на пазарот. Поголемиот дел од земјите ќе одат во таа насока, па затоа мораме да внимаваме бидејќи ова ќе биде уште една енергетска криза која ќе биде посериозна од таа по почетокот на руската агресија врз Украина“

Според многумина експерти, актуелната криза со нафта е една од најлошите во поновата историја и е еднаква на комбинираната сила на двојните нафтени шокови од 1970-тите и последиците од руската инвазија на Украина.