Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Прилози

Иран се закани дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, доколку САД ги нападнат неговите електрани

Најмалку 180 лица се повредени во иранските ракетни напади врз јужните израелски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 180 лица се повредени во иранските ракетни напади врз јужните израелски градови Арад и Димона, во текот на ноќта, каде што се наоѓа главниот нуклеарен објект на земјата.

Иранската војска, пак, соопшти дека успешно извршила напад врз аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, користејќи дронови Арш 2.

Како што соопштуваат од иранската страна, нападот бил одговор на претходен напад врз иранскиот комплекс за збогатување на ураниум Натаназ.

Реклама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата поминала низ тешка вечер по иранските напади и дека Израел нема да се откаже од нападите против непријателите.

„Одлучни сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Израелското Министерство за здравство објави дека најмалку 116 лица се повредени во Арад, од кои седум се во тешка состојба. Најмалку 64 лица се повредени во Димона, од кои едно е во тешка состојба.

Иранската војска објави дека ќе ги нападне енергетските инфраструктури и постројките за десалинизација, доколку американскиот претседател Трамп ја оствари својата закана за уништување на термоцентралите на Иран.

„Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во регионот“, изјави Хатам Али Анбија, портпаролот на оперативната команда на иранската војска.

Оваа изјава доаѓа откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок од 48 часа на Иран да го отвори Ормутскиот теснец или ќе се соочи со уништување на електраните.

„Доколку Иран не ја отвори целосно, без закани, Ормутската Теснина во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД преку социјалните мрежи.

Додека Иран сè уште добива поголем дел од водата од реките и подземните води, заливските земји, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, се во голема мера зависни од десалинизацијата – процес на претворање на морската вода во вода за пиење. Сето ова го поставува клучното прашање дали оваа закана на Иран ќе предизвика нови конфликти во регионот, кој од полето на нафтата би можел да се префрли во полето на водата. Дали Блискиот Исток и светот ги очекува нова криза, но овој пат криза со водата?

Мишко Ливрински