Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор

Претплатниците во мобилната телефонија во државава минатата година просечно во тек на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претплатниците во мобилната телефонија во државава минатата година просечно во тек на еден месец иницирале 104,05 повици и зборувале 228,03 минути.

Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа, 143,27 минути (62,83 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во  државава е значително помал, 80,99 минути (35,52 проценти), во сопствена фиксна мрежа 1,51 минута (0,66 проценти), кон други фиксни телефонски мрежи во државава 1,97 минути (0,86 проценти), а  0,29 минути (0,13 проценти) кон мрежи во странски држави. Споредено со 2024 година може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникаци за 2025 година.

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија на крајот на 2025 година изнесува 1.954.643 и е за 1,82 проценти повеќе во однос  на 2024 година. Резиденцијалните пост-пеид претплатници бележат раст од 2,55 проценти, а деловните бележат пад од 0,3 проценти. 

Реклама

Според број на активни претплатници во пазарот на мобилна телефонија, А1 Македонија има удел од 48,08 проценти, Македонски Телеком 45,93 проценти проценти, МТЕЛ  4,42 проценти, Телекабел 1,36 проценти, Мтелмобајл 0,10 проценти, Греен Мобиле  0,11 проценти.

На крајот на минатата година во државава имало 457.763 корисници на фиксни линии, за 1,75 проценти повеќе во однос на 2024 година. 

Регистрирани се 445.831 претплатници на услуги врзани во пакет. Најголем дел од нив користат три услуги врзани во пакет: фиксна телефонија, широкопојасен пристап на интернет и ТВ услуги.