Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Кумановци вечерва на градскиот плоштад им оддадоа почит на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кумановци вечерва на градскиот плоштад им оддадоа почит на загинатите од пожарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановци вечерва на градскиот плоштад им оддадоа почит на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во знак на сеќавање кон прерано згаснатите животи во трагичниот настан во Кочани, на кумановскиот градски плоштад се одржа достоинствен помен „Срце за 63 светлини“. Настанот го организираше Фондацијата за култура и спорт – Куманово и Општината.

Членови на балетски студија од градот – ученици формираа „Срце за 63 светлини“ посветено на изгубените животи, меѓу кои и нашиот сограѓанин Филип Стевановски. Учениците создадоа големо срце од рози, креираа ѕвезденото небо, како знак дека нивната светлина и спомен ќе продолжат да живеат во сите срца. Настанот беше тивок, проследен со 63 секунди молк, осветен со мобилните телефони, почит преку пуштање на балони, настан со кој кумановци се поклонија и покажаа дека не забораваат, испратија порака дека поддршката и човечноста се најсилни кога сите се заедно.

Ѕвезденото небо ќе биде посветено на 63-те ангели, со праќање порака и поддршка до семејствата на жртвите, искажувајќи сочувство во нивната болка, меѓу нив и на кумановецот Филип Стевановски.

Реклама

Пред трагичната смрт Стевановски беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Роден во Куманово, Стевановски беше уметнички директор на „Џез-фестивалот“, продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез-науки, а беше вработен како професор во Државниот музички училиштен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.