Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Прилози

Ајатолахот е убиен: „Еден од најозлогласените луѓе во историјата е мртов“

Ајатолахот Али Хамнеи е мртов. Иран потврди дека нивниот врховен лидер е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ајатолахот Али Хамнеи е мртов. Иран потврди дека нивниот врховен лидер е убиен во бомбардирањето од САД и Израел. Иранските државни медиуми објавија дека 86 годишниот Хамнеи бил ликвидиран во воздушен напад, насочен кон неговиот комплекс во центарот на Техеран. Вест која донесе и солзи кај спикерот на иранскиот јавен сервис.

Смртта на Хамнеи предизвика поделени рекации во Иран. Едни слават.

Други жалат.

Реклама

Иранската државна телевизија соопшти дека неговата смрт во неговата канцеларија „покажала дека тој постојано стоел меѓу луѓето и на чело на своите одговорности, соочувајќи се со она што властите го нарекуваат глобална ароганција“.

-Водачот и имам на муслиманите, неговото високопреосвештенство ајатолахот Сејед Али Хосеини Хамнеи, на патот на почитување и возвишување кон светото светилиште на Исламската Република Иран, ја испи слатката чиста капка мачеништвото и се придружи на Врховното небесно царство, соопштија од иранската државна телевизија.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан најави одмазда, велејќи дека тоа е легитимно право и должност по убиството на врховниот лидер.

-Исламската Република Иран ја смета одмаздата кон извршителите и наредбодавците на ова злосторство за своја легитимна должност и право и ќе ја исполни оваа голема одговорност со сите свои сили, вели Пезешкијан

Веста за смртта на ајатолахот први ја објавија Израел, тие соопштија дека покрај Хамнеи, по четирите напади врз Иран, убиени се и 40 клучни ирански воени команданти. Израелската армија наведува дака Хамнеи бил директно одговорен за насилната репресија врз иранските граѓани во текот на многу години и архитект на планот за уништување на државата Израел.

-Беше познат како ’главата на иранскиот октопод‘, кој ги протегаше своите краци низ Блискиот Исток и до границите на државата Израел. Пред сè, меѓу нив беше терористичката организација Хезболах. Врховниот водач на иранскиот режим беше одговорен за терористичките напади против државата Израел, а крвта на многу цивили од целиот свет беше на неговите раце, напишаа од ИДФ.

Нарекувајќи го еден од најозгласените луѓе во историјата, смртта на Хамнеи ја потврДи и претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Хамнеи, еден од најозлогласените луѓе во историјата е мртов. Ова не е само правда за народот на Иран, туку и за сите големи Американци и оние луѓе од многу земји низ целиот свет, кои беа убиени или осакатени од Хамнеи и неговата крволочна банда криминалци. Тој не можеше да ги избегне нашите разузнавачки служби и високо софистицираните системи за следење и, тесно соработувајќи со Израел, немаше ништо што тој, или другите (ирански) лидери што беа убиени заедно со него, можеа да направат. Ова е најголемата шанса за иранскиот народ да си ја врати својата земја, напиша Трамп.

По ликвидирањето на врховниот лидер во Иран е формирано привремено советодавно тело, кое најави разорен одговор кон САД и Израел. Таму шеф ќе биде ветаранот во иранската политика Али Лариџани,  кој минатата година се појави како една од најмоќните фигури во безбедносната хиерархија.

Ајатолахот Али Хамнеи роден на 19-ти април 1939-та година. Во политичката кариера, од 1981-ва до 1989-тата беше претседател на Иран, по што стана врховен лидер на Иран.

Матеја Петровски