Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Јаневска: Законот за високо образование нема да се повлече, разумните забелешки ќе бидат прифатени

Нема повлекување на новиот закон за високо образование. Министерката Јаневска објасни дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повлекување на новиот закон за високо образование. Министерката Јаневска објасни дека секое одложување би било на штета на студентите и младите во државата. и досега сите конструктивни забелешки на професорите се прифатени и истите ќе бидат вградени во финалната верзија на новиот закон. Така на пример ќе има олеснување на условите за одбрана на дисертација. Наместо досегашното барање кандидатот да има објавено три научни труда во списанија со импакт фактор, со новите измени на законот за високо образование ќе бидат доволни два. Истовремено, се повлекува и одредбата што наложува задолжително објавување на труд во списание индексирано во Web of Sciencе. За Јаневска, целта е да се намали административниот притисок врз докторантите, а сепак да се задржи квалитетот и научниот придонес како клучен критериум за стекнување на титулата доктор на науки.

Сметајќи на времето, напорот што треба докторандот да го вложи, заклучивме дека и со два труда е сосема во ред. Веќе тргнал во научното истражување, во зваењето и е сосема во ред да го одбрани докторскиот труд, а потоа да продолжи понатаму со својата кариера“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Министерството ќе ја намали и гаранцијата на приватните високообразовни институти на 70 проценти и ќе овозможи, покрај другите инструменти, како гаранција да се даде и хипотека. Со тоа, од една страна се задржува механизмот за финансиска сигурност и заштита на студентите, а од друга страна се излегува во пресрет на приватните установи со поприфатливи услови. Со новиот закон се предвидува приватните високообразовни установи да не можат да ги реализираат студиски програми по право, но Јаневска, порача дека студентите нема да трпат последици од можните законски измени или одземање акредитации. Секој студент ќе ги заврши студиите според акредитацијата со која се запишал, а доколку некој студент сака да се префрли на државен универзитет, тоа ќе му биде овозможено. Во однос на професорите, Јаневска истакна дека вработувањето во приватна институција носи одреден ризик, како и во секоја приватна компанија.

Реклама

„Нашите приватни факултети постојат повеќе од 20 години, и да не се случуваа нелегалности во одредени, не велам во сите универзитети, немаше да дојде прашањето за одземање на нивните акредитации. Но со оглед на тоа колку е лоша ситуацијата и во високото образование, државата е должна да преземе активности во нејзина корист и во корист на младите луѓе“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

За Јаневска целта е овие чувствителни и општествено значајни области да останат под построга контрола, со цел да се гарантира квалитет и професионални стандарди.

Во однос на барањето на студентите за формализирање на национално студентско тело, министерката објасни дека доколку правните експерти утврдат дека може со една одредба јасно да се прецизира ваквата можност, тогаш истата ќе биде вметната во законот.

https://www.youtube.com/watch?v=6MI-fIoAaXc