Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Експерти: Цврстиот став на Владата дека нема уставни измени без конкретни гаранции е исправен

Власта нема друг избор освен да бара цврсти гаранции дека уставните измени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта нема друг избор освен да бара цврсти гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот чекор во европската интеграција и дека нема да има дополнителни условувања.

Овој заклучок го извлекува поранешниот амбасадор Ивица Боцевски коментирајќи ги реакциите на народот кога се прифати Францускиот предлог и казната што на изборите си ја добија СДСМ и ДУИ. Во однос на извештајот на известувачот за Македонија Томас Вајц, вели дека ништо нема изненадување освен тоналитетот е посмирен, научени се лекциите но не за нас значајните прашања.  Вакви извештаи за Макеоднија одамна не требаше да ги има, ако се гледа сработеното земјава требаше веќе да биде полноправна членка, вели Боцевски.

„Eдинствената партија која не го прифати тоа се соочи со распад и целокупен пропаст на изборите, мислам на СДСМ. ЗНАМ произле излезе од сасмоското крило не можеше да прифати тоа што прифатија, Османи Ковачевски Маричиќ, Оваа останува е консенсуално мислење на целокупноот население“, вели Боцевски.

Реклама

Во однос на можноста Македонија да влезе во таканаречена втора лига земји на ЕУ без право на вето, поранешниот амбасадор вели дека тоа за него е суштинска интеграција пред фактичка. Македонија треба да ја зграпчи и прифати можноста ако на маса е ставена цела интеграција на Македонија во единствениот пазар, ако тоа не е така, тогаш нема потреба да се прифаќа, коментира Боцевски. Забележува дека проширувањето на ЕУ е секогаш прецизно, па ако дојде до тоа, би било одлично за нас.

„Кога ЕУ носи одлука една земја да влезе, има јасен патоказ и рокови. Хрватска, Романија, Бугарија точно се знаеше кога и како ќе влезе. Кога сака ЕУ дава одговор, дај боже да дојдеме до таа ситуација. Клучот е мирот на Украина, тоа што за нејзе ќе се стави на маса, тоа ќе биде и за нас“, вели Боцевски.

Во последниот извештај се нотира напредок во реализацијата на транспортна мрежа и коридорите 8 и 10, како и пофалби за инфраструктурното поврзување со Европската Унија. Сепак, се повторуваат и старите забелешки за уставните измени, состојбите во правосудството и борбата против корупцијата.

Вајц оцени дека унапредувањето на владеењето на правото е клучно не само за напредок кон членство во ЕУ, туку и за зајакнување на демократските институции и довербата на граѓаните. Тој нагласи дека е неопходно надминување на застојот околу уставните измени, посочувајќи дека во услови на геополитички предизвици Европа мора да остане обединета. Сепак признава дека напредокот е закочен поради стравувањата од нови блокади од Софија, имајќи предвид дека Македонија и претходно беше условувана на евроинтегративниот пат. Вајц повика на итно зголемување на политичката волја од двете страни за деблокирање на процесот.