Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ

Владата на последната седница го потврди усогласениот текст на измените на Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на последната седница го потврди усогласениот текст на измените на Законот за електронски комуникации и ќе го испрати до Европската Унија на проверка, со што ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата коишто се поставени во програмата „Роаминг како дома“ со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Информацијата од Европската Комисија од вчера, како што посочи Андовноски, покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација.

-Важно е што вчера се отпочна процес со јасна динамика и став на Европската Унија за сите земји од Западен Балкан дека процесот на преговори е отворен, што значи дека можност за пристапување кон „Роаминг како дома“ имаат сите држави од Западен Балкан. Кажав дека ќе бидеме една од првите држави кои ќе го потпише овој договор и ние веќе усогласениот текст на измените на Законот за електронска комуникација го потврдивме на владина седница во вторникот и го испраќме до ЕУ, ЕК и Делегацијата да го проверат и да ни кажат дали тие измени се доволно добри за она што се бара од нас, изјави Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по завршниот настан на проектот „ЕУ-поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во РС Македонија.

Реклама

Законот, Андоновски посочи, дека предвидува и донесување на два подзаконски акти кои, како што рече, се подготвени и се чека донесување на законот за потоа и Агенцијата за електронски комуникации да ги донесе. 

-На овој начин ние правно сме подготвени да го потпишеме договорот. Со оваа иницијатива на Европската Комисија што ја гледам дека постои, со овој интензитет очекувам дека процесот навистина брзо ќе се движи, изјави Андоновски. 

Процесот, како што посочи Андоновски, зависи од преговарање, а ЕК преговара со сите телеком оператори во Европа не би кажал конкретни датуми, но нагласи дека ние до средината на март ќе бидеме готови и со Законот, доколку биде потврден од ЕК и со правилниците. 

-Потоа оставаме простор и ЕУ да го напарви својот чекор и очекувам дека тоа брзо ќе се случува. Очекувам дека ќе биде во текот на 2026 година, изјави Андоновски. 

Проектот „Роаминг како дома“, Андоновски појасни, значи дека пакетите што граѓаните ги плаќаат кај домашните оператори за интернет, телефонија и смс пораки ќе важат каде било во Европската Унија без дополнителни трошоци.

-Што значи исто како кога патуваме сега во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина… и не плаќаме за дополнителни пораки и повици, исто така, нема да плаќаме и во цела Европска Унија, посочи Андоновски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: