Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Граѓаните на Македонија ќе плаќаат исто за мобилен интернет и повици во ЕУ – Почнува процесот за укинување на роамингот

Помали сметки за телефонски разговори, пораки и интернет за сите кои ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помали сметки за телефонски разговори, пораки и интернет за сите кои ќе патуваат и престојуваат во земјите членки на ЕУ. Од годинава се очекува да започне процесот на укинување на мобилните услуги меѓу Европската унија и Западен Балкан, со кои сметките за мобилен повик, пораките и интернетот ќе се изедначат со тие во Македонија. Министерот Андоновски потенцираше дека Македонија ќе биде првата од земјите во регионот што ќе го потпише договорот со ЕУ за укинување на мобилните услуги.

„Ние веќе усогласениот текст на измените на законот за електронски комуникации го утврдивме на владина седница во вторникот и го испраќаме до ЕУ – Европската комисија и делегација ќе го проверуваат и ќе ни кажат дали тие измени се доволно добри за она што е побарано од нас“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски..

Целиот процес Андоновски очекува да заврши во март, но  потенцираше дека истиот ќе зависи од преговарањето на Европската Комисија со сите телеком оператори во ЕУ. Процесот ќе зависи и од брзината на одобрување од страна на Советот и од подготвеноста на секоја земја да ги усогласи своите регулативи и телекомуникациски пазари со европските стандарди.

Реклама

„Бидејќи зависи од преговарање со европската комисија која преговара со сите телеком оператори во ЕУ, нема да излезам со конкретни датуми. Ние до средината на март ќе бидеме готови со законот доколку дојде потврда од ЕК и правилниците, но и ЕУ треба да го направи својот чекор. Очекувам во 2026 граѓаните пакетите кои ги  плаќаат кај домашните оператори за интернет телефонија и СМС пораки ќе им важат било каде во ЕУ“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Со укинувањето на роамингот се очекува да се зголеми мобилноста, да се намалат трошоците за бизнисите и да се олесни туристичкиот и економскиот проток меѓу ЕУ и регионот.