Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата

Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, една од шесте компании на кои им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, потврдија од МВР.

-По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово, велат од МВР.

„Грин лајф“ се занимава со одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата, а операцијата е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.

Реклама

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека на шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, поради констатирани низа недоследности во работењето.

Покрај на „Грин лајф“, одземени им се лиценците и на компанијата „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа на „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“.

Со одлука на Владата надлежните започнаа контроли во сите 43 компании кои имаат дозволи за одгледување медицински канабис, по заплената на над 40 тони марихуана од неколку компании пред две недели.