Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Вицепремиерот Сали на комеморативна церемонија во Украина, ќе оствари и билатерална средба со вицепремиерите Свириденко и Качка

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде што ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции.

Тој, како што соопшти МЕП, ќе учествува на комеморативната церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со украинската вицепремиерка Јулија Свириденко, при што ќе биде изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ.

За време на посетата предвидена е билатерална средба и со украинскиот вицепремиер за европска и евро-атлантска интеграција Тарас Качка, на која ќе се разговара за напредокот во процесот на европска интеграција, спроведувањето на реформите и унапредувањето на соработката меѓу двете земји во пристапниот процес кон Европската Унија.

Реклама

Од МЕП наведуваат дека во агендата е предвидена и средба со претседателката на Комитетот за интеграција на Украина во Европската Унија при Врховната рада, Ивана Климпуш-Цинцадзе, со фокус на парламентарната соработка и размената на искуства во пристапните преговори.

Сали ќе оствари средба и со врховниот муфтија на Украина и претседател на Духовната управа на муслиманите на Украина, Ахмед Тамим, на која ќе се разговара за меѓурелигискиот дијалог и улогата на верските заедници во промовирањето на мирот и општествената стабилност.

Како што сооошти Министерството, посетата има цел продлабочување на билатералната соработка и реафирмирање на поддршката на Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и евро-атлантската перспектива на Украина.