Остри критики, неверување и гнев – остри реакции од јавноста во врска со одлуката на Обвинителството
Остри критики, барање за смени, неверување и гнев – остри реакции од…
24.02.2026
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Остри критики, барање за смени, неверување и гнев – остри реакции од јавноста во врска со одлуката на Обвинителството да побара само куќен притвор за Груби. Најгласни реакции пристигнаа од неправедно осудените за случајот „27 април“, кои по сè што преживеаа, сега со неверување ја примија одлуката на Обвинителството. Јане Ченто, еден до осудените, на својот Фејсбук профил објави: „Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор. Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома“. Слична реакција имаше и Горан Ангелов, кој помина осум години во затвор за упадот во Собранието. „Во оваа држава само поштените лежат затвор“, напиша Ангелов во својата реакција. Со реакција се јави и екс-претседателот на Кривичниот суд, а сега кандидат за државен јавен обвинител, кој напиша – „Три пати ме ставија во Шутка по налог на Заев и не барав заштита, на Груби ако не и негувателка да му дадеме“.