Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Почнува процесот за враќање на солидарниот данок, компаниите дo УЈП треба да поднесат барање 

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок што компаните во 2023 година го уплатија во согласност со Законот за данокот на солидарност. 

Од Министерството за финансии велат дека процесот за враќање на средствата уплатени во согласност со Законот за солидарен данок е почнат. – Донесен е правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во „Службен весник“. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи – информираат од МФ. 

Со Законот за данокот на солидарност беа опфатени компании што во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и во согласност со Законот во буџетот во текот на 2023 година беа уплатени речиси 50 милиони евра од страна на 156 компании. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата што беа уплатени во буџетот по основ на Законот. Врз основа на оваа одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.