Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

„Сејф Сити“ ги дава посакуваните резултати: пад од речиси 30 проценти на сообраќајните несреќи во споредба со лани

Новиот систем за строги казни и почутување на сообраќаните правила „Сејф Сити“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот систем за строги казни и почутување на сообраќаните правила „Сејф Сити“ полека, полека ги дава посакуваните резулати. Статистиката покажува пад од цели 27 проценти на бројот на сообраќајни незгоди овој месец во споредба со истиот период лани. Според официјалните податоци, на подрачјата каде што е поставен безбедносниот систем бројот на сообраќајни незгоди е значително намален.

„Во периодот од 01.02.2026 до 23.02.2026 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 регистрирани се вкупно 208 сообраќајни незгоди. “

„Во периодот од 01.02.2025 до 28.02.2025 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 регистрирани се вкупно 288 сообраќајни незгоди.“- се вели во податоците од МВР.

Реклама

И покрај намалениот број на незгоди, во периодот од 1 до 23ти февруари годинава две лица го загубиле животот во сообраќајка, а 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Во истиот период лани, животот го загубило едно лице, а 15 лица имале сериозни последици.

„Во периодот од 01.02.2026 до 23.02.2026 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 две лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во истиот период констатирани се 16 сообраќајни незгоди од кои 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.“

„Во периодот од 01.02.2025 до 28.02.2025 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 едно лице го загубило животот во сообраќајна незгода. Во истиот период констатирани се 15 сообраќајни незгоди од кои 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.“- велат од МВР.

Според податоците, најчести причини за сообраќајните незгоди и натаму се пребрзо возење, возење под дејство на алкохол, минување на црвено и непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Откако стапи во функција системот, таму каде има камери, регистрирани се вкупно 14.391 сообраќајни прекршоци.

Изминатата недела се изречени вкупно 4.910 казни од кој најголем дел и понатаму се за пребрзо возење. Бројот на прекршоци за минување на црвено светло е намален дури за 51%, а има и пад од 20,9% во бројот на изречени мерки за забрана за управување на возило во однос на минатата седмица.