Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

„Момент на пресврт“ – интерактивна изложба на дигитална уметност од Драшко Накиќ

Во КСП Јадро вечер ќе биде отворена интерактивната изложба на дигитална уметност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во КСП Јадро вечер ќе биде отворена интерактивната изложба на дигитална уметност „Момент на пресврт“ од Драшко Накиќ. Изложбата може да се посети до 26 февруари, секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот.

Поставката со наслов „Момент на пресврт“ има за цел да поттикне сеќавање на оние луѓе кои ни помогнале кога ни било најтешко. Истата сака да потсети дека животот може брзо да се претвори од хармонична сказна во исцрпувачка борба, но и дека преку поддршката од искрено, грижливо социјално опкружување може да се најде инспирација и позитивна гледна точка за справување со предизвиците. 

Поставката нè води низ четири фази: „Пренасочување“ – моменти на драстична промена, „Еуфорија“ – период на возбуда поради идентификување на новиот пат и чекорење кон светлата точка, „Хармонија“ – запливување во мирни води и смиреност, и „Игривост“ – комплетна комотност во новата ситуација и охрабрување за влез во нови креативни процеси. Во фазата „Пренасочување“, посетителите се повикани да помислат на личност која им помогнала во тешки моменти слични на тие прикажани во делата и да стават стикер со името и меѓусебниот однос. Како симбол на тоа дека секој немил настан може да се гледа од различен агол во потрага по светла точка, посетителите ќе можат физички да ги ротираат делата и да запишат свои, нови наслови.

Реклама

Драшко Накиќ има докторат по биомедицинска информатика. Моментно работи на својот стартап, а поседува долгогодишно истражувачко искуство на универзитетите Харвард и Колумбија во САД. Во својата претприемачка и научна дејност, Драшко се фокусира на дизајн на алатки поткрепени од вештачка интелигенција кои им помагаат на пациентите да ги разберат своите медицински податоци и да комуницираат поефективно со лекарите. Во 2020 година, Драшко се одлучува да ги преточи своите вештини за визуелизација на податоци во презентирање на животни настани преку геометриски форми и строги правила на нивниот аранжман. Овој труд вродува со плод преку самостојна изложба во Њујорк (САД) во 2025 година.