Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер во посета на Општина Кочани

Делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорот Кристоф Зомер денеска ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорот Кристоф Зомер денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со  градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа разменети мислења за справувањето со последиците од трагедијата во „Пулс“, при што акцент беше ставен на преземените активности и научените лекции од изминатиот период. Во разговорот беше посочена и сличноста со несреќата што се случи во Кран-Монтана, Швајцарија, за што биле споделени искуства и практики.

Средбата ја потврди подготвеноста за продлабочување на соработката и продолжување на заедничките напори за одржлив развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Притоа беше истакнат проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“, кој се реализира во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретаријат за економски прашања (SECO). Преку овој проект, Владата на Швајцарија обезбедува значајна поддршка за унапредување на КЈП „Водовод“, за зајакнување на капацитетите на локалното претпријатие во Кочани.

Реклама

Дополнително, како дел од Заштитениот предел Осоговски Планини, Кочани ќе биде вклучено и во активностите од Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите,што ќе се реализира со поддршка од Швајцарската влада.