Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Росоман организира бесплатен превоз за земјоделци на саем во Солун

Општина Росоман организира бесплатен превоз за земјоделците на саем во Солун во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Росоман организира бесплатен превоз за земјоделците на саем во Солун во март. Станува збор за еден од најголемите вакви саеми во регионот.

Како што информира денеска градоначалникот Ѓорѓи Крстевски, станува збор за познат саем за земјоделство и сточарство, на кој може да се видат напредни технологии, вештачка интелигенција во сточарството, разни видови алатки и опрема.

– Росоман е најголем регион за производство на праски во државата. Се произведува и грозје, градинарски и други земјоделски производи. Со оваа посета целта ни е нашите земјоделци да согледаат како напреднале техниката и технологијата и како модернизацијата споена со традицијата може да доведе до поквалитетно земјоделско и сточарско производство. Човекот учи додека е жив и затоа веруваме дека тоа што ќе се спознае на саемот, ќе биде од корист во иднина – посочи Крстевски.

Реклама

Заинтересираните земјоделци ќе може да го посетат саемот на 14 март.

Се очекува преку оваа организација на локалната самоуправа саемот во Солун да го посетат педесетина земјоделци од општина Росоман.

Крстевски најави ваква посета и на други саеми.