Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

МВР: За една недела констатирани 4.910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.691

Во периодот од 16 до 22 февруари од страна на системот „Безбеден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 16 до 22 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број нрегистрирани прекршоци повеќето се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци, што претставува намалување на 51,5 отсто во споредба со минатата седмица кога биле регистрирани 33 прекршоци, а во првата недела од месецот биле регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 117 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот биле регистрирани дури 288 мерки забрана за управување со возило. Од вкупно 117 мерки, кои биле изречени изминатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 се за брзо возење, од кои 75 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км на час и седум за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

Реклама

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесат за посигурни и побезбедни патишта.