Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Реката Топлец го полни Дојранското Езеро, пумпите од хидросистемот сè уште надвор од функција

По природен пат Дојранското Езеро добива дотур на нова вода од надојдената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По природен пат Дојранското Езеро добива дотур на нова вода од надојдената река Топлец, која, по обилните врнежи, се влева во каналот изграден пред дваесетина години за спас на езерото од еколошката катастрофа. Реката Топлец при обилни врнежи, како оние од изминативе месеци, природно избива на површината под главниот пат на излезот од Нов Дојран и по течението се влева директно во притока направена во каналот од хидросистемот.

Иако пумпите сè уште се исклучени, а почетниот дел од каналот е сув, Топлец во моментот го дополнува езерото со свежа вода и помага во одржување на сегашното ниво.

– Реката Топлец надојде уште од декември и сега заменува барем две пумпи од хидросистемот, од кои секоја дава по сто литри вода во секунда. Сега сме покриени колку толку, но за летните месеци секако ни треба каналот да врши дотур и разладување на водата. Со разладувањето се одржува нивото на водата да не почне да опаѓа од испарувањето, кое настанува кога имаме многу високи температури. А тоа дали езерото ќе надојде или ќе се повлече, не се покажува насекаде исто затоа што теренот не е ист – велат постарите жители, кои, како и сите посетители на Дојран, се радуваат што повторно гледаат вода во каналот за спас на езерото.

Реклама

Покрај Топлец, во селото Николиќ повторно е активирана и Стара Река, која исто така природно се влева во езерото. Се очекува и топењето на снегот од планината Беласица дополнително да придонесе за засилување на природните извори.

Според официјалните податоци на Управа за хидрометеоролошки работи, во последните две недели покачувањето на нивото се одвива со намалено темпо поради силниот ветер, кој во два наврата го зафати регионот и придонесе за намалување на дел од добиените сантиметри. Моментното ниво изнесува 145,46 метри надморска височина, што е пораст од само еден сантиметар во однос на почетокот на минатата недела. За да се достигне договореното минимално ниво од 146,13 м.н.в., потребни се уште 67 сантиметри.