Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Азески во Меѓународниот совет на Економскиот факултет во Љубљана, најдобро рангиран на Шангајската листа во регионот 

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на 8 март 2026 година во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на 8 март 2026 година во Љубљана ќе биде промовиран во член на меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, се вели во соопштението од Стопанската комора, што МИА го објавува интегрално.

Ова е уште едно признание на нашите напори да воспоставиме врска меѓу науката и бизнисот, вели Азески за изборот на оваа престижна функција во друштво на многу значајни имиња од бизнис- и универзитетската сфера на Европа, проф. Ана Паула Африкано С. Силва при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг; проф. Хана Холмс, градски универзитет во Манчестер; Паола Папаниколау, банкарска групација Intesa Sanpaolo; проф. Маркус Рудолф, факултет за менаџмент; „Ото Бајсхајм“, Диселдорф; проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис; Јанез Шкрабец, генерален менаџер на Riko d.o.o., Словенија; Бранко Зибрет, Kearney, Австрија.

Економскиот факултет во Љубљана е една од највлијателните и водечки високообразовни институции во образовната и во научноистражувачката област на економијата и бизнисот во Словенија и поширокиот регион, која создава идни лидери, иноватори и стратези. Економскиот факултет во Љубљана се фокусира на истражувањето организирајќи над 30 научноистражувачки семинари и конференции годишно, чии резултати се објавуваат во водечките светски научни списанија. Лабораториите овозможуваат истражување на пресекот на економијата, финансиите и психологијата отворајќи ја вратата кон нови решенија за иднината.

Реклама

Универзитетот во Љубљана е единствениот словенечки универзитет кој е рангиран меѓу 500. најдобри универзитети во светот, според Академското рангирање на светските универзитети (ARWU), попознато како Шангајско рангирање, според неколку критериуми, меѓу кои добитници на нобелови награди, цитирани истражувачи, индекс на цитати, трудови објавени во научни организации (Nature и Science) и сл. од 2003 година наваму. Економскиот факултет во Љубљана е номиниран на 60-тото место на Шангајската листа.

П.С. Утре во Стопанската комора ќе се одржи промотивен настан: РЕВОЛУЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: МОЌТА НА ДУАЛНОTO ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА – прв заокружен проект од трите големи приоритети на Комората, на кој само ќе се потврди важната улога на бизнисот во проектот инициран во 2014 година. Стопанската комора, на група компании и стручни училишта со набавка на опрема за реализација на практичната обука, со помош на Германската развојна банка КФВ (KFW), само го дозаокружи системот на дуалното образование во средните стручни училишта. Утре, вторник, 24.2.2026 година, продолжуваме со промоција на нашиот фокус – стручно дуално и во високото образование за потребите на бизнисот.