Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Во Охридскиот завод за кардиоваскуларни заболувања извршено вградување на современ имплант на експремитетите

Во време кога кардиоваскуларните и артериски заболувања се водечка причина за смртност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време кога кардиоваскуларните и артериски заболувања се водечка причина за смртност во светот,современата медицина и напредните технологии создаваат нова можност за спас и продолжување на животот на пациентите. И покрај ограничените ресурси,Македонија е во чекор со развиените здравствени системи кои инвестираат во иновативни методи.Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања е првата здравствена установа на Балканот,веднаш по Клиничкиот центар во Белград, каде беше извршено вградување на современ имплант на екстемитетите.

 “Периферната артериска болест е едно заболување кое што е многу потценето во нашата земја,па и на Балканот и пошироко.Станува збор за запушување на артериите на екстемитетите, посебно за долните.Тоа во голем дел се релативно млади пациети.Голем дел од нив се физички неактивни, голем дел имаат дијабет и генерално пушат цигари.Лекувањето на периферната артерисика болест преставува предизвик и во најголемите центри во светов за лечење”-вели  д-р Дејан Манчески,интервентен кардиолог

Најновите податоци говорат дека повеќе од 200 милиони луѓе во светот боледуваат од периферна артериска болест.Во Македонија не се знае точната бројка затоа што пациентите ги занемаруваат симптомите или лутаат од една во друга здравствена установа.Додека болеста напредува,дел до нив се одлучуваат за домашно и алтеративно лекување.Станува збор за сериозно запушување на артериите,од кое се почесто страда релативно млада популација.

Реклама

” Голем дел од нив завршуваат со ампутации,многу од нив имаат гангрени на екстемитетите и голем дел за жал сеуште во Македонија не знаат каде да се обратат. Мислам дека најголем дел е до самата популација ние немаме доволно медициска култура.Ние сами чекаме дома да ни се излечи ногата, сами чекаме дома па се мачкаме со разни продукти, а во меѓувреме не забораваме никако да купиме цигари и да пушчиме по една две или три кутии цигари”- вели д-р Манчески.

Инвестицијата во иновации не е трошок, туку вложување во здравјето и иднината на пациентите.Вложувањето во нови технологии,медицинска едукација и професионален кадар  е клучен приоритет на оваа реномирана здравствена институција во земјава.