Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во Кичево централна прослава по повод Денот на извидниците

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска во Кичево ќе ја одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска во Кичево ќе ја одржи централната прослава за одбележување на Денот на извидниците. Извидници од целата држава ќе се соберат на едно место за заедничко одбележување, свечено давање извиднички завет и реализација на пригодна културно-забавна програма. 

Одбележувањето на Денот на извидниците традиционално започна со кампањата „Направи добро дело“ преку која извидниците во текот на февруари ги идентификуваат потребите во својата локална заедница и придонесуваат кон нејзино подобрување преку правење добротворни кампањи, иницијативи кои се спроведуваат во текот на целиот месец.

– Оваа година секоја седмица имаме посебна тема за добри дела: Направи добро дело за себе, за другите (заедницата), за околината и за културата и традицијата. Со тоа четири недели извидниците се активни во својата заедница правејќи и промовирајќи добри дела. Во соработка со Црвениот крст, извидничките одреди низ целата држава организираа и крводарителски акции со цел подигање на свеста за значењето на крводарувањето и солидарноста. Оваа година, централната крводарителска акција се одржа во Скопје на 20 февруари од 14:00 до 18:00 часот во Младински центар Матично, информираат од СИМ.

Реклама

Сојузот на извидници на Македонија е младинска организација основана во 1953 година со повеќе од 70 години традиција и искуство преку промовирање на мир, животни вештини и позитивни вредности кај деца и млади. СИМ ја спроведува својата програма речиси на целата територија на државата и претставува најголема младинска чадор организација на активни 20 извиднички одреди. Во моментов на извидничките одреди на СИМ, извидничката програма ја следат повеќе од 3.000 деца и млади. Сите извиднички одреди членки, согласно извидничкиот завет и закони, практикуваат програми кои кај младите развиваат вештини и поттикнуваат градење на животни вештини. Како организација СИМ е членка на најголемата младинска фамилија и едукативна организација во која членуваат повеќе од 57 милиони млади, од повеке од 180 држави и територии низ светот.