Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Меџити: Мастер планот на Чаир се конкретизира на терен

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со тимот што го изработи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со тимот што го изработи Мастер планот за Чаир, во текот на неделата реализираше посети во неколку населби во општината, со цел следење на проектите кои веќе се во фаза на реализација, информираат од локалната самоуправа.

За време на теренските посети беа презентирани досега реализираните интервенции, како и следните фази на урбаниот развој. Меѓу клучните проекти што ја трансформираат локалната инфраструктура се работите на улицата „Ферид Мурат“ и булеварот „Мит’хат Фрашери“, каде подобрувањата во сообраќајот, пристапноста и урбаниот стандард се веќе видливи.

-Мастер планот на Чаир не е само стратешки документ, туку конкретен процес што чекор по чекор се реализира на терен, преку инвестиции што директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, истакна градоначалникот Изет Меџити.

Реклама

Паралелно продолжува изградбата на општинскиот базен, инвестиција од значење за развојот на спортот, рекреацијата и младинските активности.

Стратешки сегмент претставува и проширувањето на булеварот „Цветан Димов“, проект кој има за цел зголемување на функционалноста на сообраќајот и создавање побезбедна и поефикасна сообраќајна оска за граѓаните. Во исто време, поставувањето на подземни контејнери носи современ пристап кон управувањето со отпадот и подобрување на јавната хигиена.

Теренските посети, посочуваат од Општина Чаир, послужија за проценка на динамиката на реализацијата и координација на наредните фази, со цел проектите да се реализираат согласно предвидените стандарди и рокови.

-Мастер планот на Чаир добива конкретна форма преку инвестиции што директно влијаат врз квалитетот на животот и долгорочниот развој на општината, велат од општината.