Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Турскиот амбасадор Фатих Улусој во посета на Штип

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска беше домаќин на амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска беше домаќин на амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата се разговараше за значењето и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на образованието, престојот на турските државјани во Штип, како и на унапредување на соработката во областа на промоција на македонската и турската култура.

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов  истакна дека Штип, како универзитетски и регионален центар, претставува отворена и гостопримлива средина за сите студенти и граѓани кои избираат тука да студираат, работат и живеат. 

-Присуството на турските студенти во нашиот град има особено значење, не само од економски аспект, туку и во контекст на збогатување на општествениот живот, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и градење мостови на пријателство меѓу двата народа. Турските студенти се значаен дел од академската заедница во Штип, а нивната интеграција во локалната средина придонесува за создавање позитивна симбиоза меѓу различните етнички и културни заедници. Преку секојдневната комуникација, соработка и заеднички активности се зајакнуваат вредностите на почит, разбирање и солидарност, вели Јорданов.

Реклама

Градоначалникот Јорданов на денешната средба со амбасадорот на Република Турција, Улусој ја нагласи подготвеноста на Општина Штип и понатаму да биде партнер на иницијативи што ќе придонесат за подобри услови за престој и студирање на странските студенти, како и за унапредување на соработката меѓу двете земји.