Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

За месец и пол во ХЕ „Шпилје“ произведени 52,2 гигават часови електрична енергија

Исклучително поволната  хидролошката состојба на дебарското сливно подрачје, резултира со стабилно производство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исклучително поволната  хидролошката состојба на дебарското сливно подрачје, резултира со стабилно производство на електрична енергија и висока погонска подготвеност на капацитетите, потврдија од ЕСМ.

-Последните мерења извршени на 17 февруари нивото на Дебарско Езеро изнесува 573 метри надморска височина, што е за 4 метри над просекот за овој период од годината, или за 7 метри пониска од максималната кота, која изнесува 580 метри. Дотекот од локалниот слив, реките Радика и Црн Дрим,  изнесува 120 кубни метри вода во секунда, додаваат од ЕСМ.

Ваквите параметри овозможија ХЕ „Шпилје“ во периодот од 1 јануари до 16 февруари 2026 година да оствари производство од 52,5 гигавајт часови електрична енергија, што значи исполнување на 20 отсто од вкупниот годишен план на производство.

Реклама

-Енергетските капацитети ХЕ „Шпилје“ се наоѓаат во состојба на висока погонска спремност со сите расположливи агрегати. Со оглед на најавите за нови врнежи во наредниот период, се очекува приливот на вода да биде ефикасно преработен преку хидроагрегатите, додека дел од водите ќе бидат соодветно складирани во акумулацијата, посочуваат од ЕСМ.

Нагласуваат дека слична позитивна состојба е забележана и кај останатите водни ресурси во регионот, со ова се гарантира енергетската стабилност и достапноста на ресурси за потребите на преостанатиот дел од грејната сезона.