Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Смарт-Делчево нова дигитална алатка за поголема транспарентност и ефикасност на Општина Делчево

Општина Делчево започнува процес за имплементација на нова административно-дигитална платформа под назив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започнува процес за имплементација на нова административно-дигитална платформа под назив „Смарт Делчево“. Целта како што информираа од Општината е унапредување на транспарентноста, ефикасноста и комуникацијата меѓу локалната самоуправа и граѓаните.

-Новата платформа предвидува воспоставување јавен дигитален систем за поднесување, следење и реализација на предлози, иницијативи, идеи и пријави од граѓаните, месните и урбаните заедници, како и од граѓанскиот и бизнис-секторот. Преку системот, корисниците ќе имаат можност во секое време да го следат текот и статусот на својата иницијатива или пријавен проблем, информираа од Општина Делчево

Оттаму додаваат дека платформата ќе биде целосно усогласена со позитивната законска регулатива, како и со внатрешните процедури, протоколи и постапки на општинската администрација.

Реклама

Целта на дигиталната алатка како што истакна градоначалникот Иван Гоцевски е поефикасно и побрзо постапување по пријави кои се под ингеренција на Општина Делчево, ЈКП „Брегалница“ и ТППЕ Делчево, при што граѓаните ќе имаат целосен увид во текот и исходот од решавањето на секој поединечен случај.

-Веќе се преземени конкретни активности за воспоставување на платформата, која, како што посочи, значително ќе го подобри функционирањето на општинската администрација и ќе овозможи побрзи и поефикасни услуги за граѓаните и стопанството, истакна Гоцевски. 

Овој иновативен проект како што подвлече се реализира како дел од програмата за работа, која доби недвосмислена поддршка од граѓаните на локалните избори минатата година.