Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Иницијатива на „Македонија 2025“ за оддавање признание на припадниците на дијаспората за 2026 година

„Македонија 2025“, во соработка со Кабинетот на претседателката на Македонија, ги повикува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македонија 2025“, во соработка со Кабинетот на претседателката на Македонија, ги повикува граѓаните, институциите, организациите и сите релевантни фактори во земјата и странство активно да се вклучат во процесот на номинирање кандидати за признанието за придонес на припадниците на дијаспората за 2026 година.

Крајниот рок за доставување на номинации е 20 март 2026 година (23.59 часот) по електронски пат на адресата: [email protected]. Селекцијата се спроведува од страна на независна комисија составена од истакнати поединци и претставници на релевантни институции од земјата и странство. Повеќе информации за повикот може да се најдат на следниот линк.

– Со овој повик упатуваме јавен апел да се препознаат и предложат оние поединци/организации од дијаспората, кои со својата работа, знаење, интегритет и посветеност оставиле видлив и траен белег врз развојот на Македонија. Признанието е наменето за физички лица по потекло од Република Македонија, без оглед дали поседуваат македонско државјанство, кои преку лична иницијатива или преку организации и мрежи придонеле за економски, општествен, образовен, научен, културен или хуманитарен напредок на земјата или ја афирмирале Македонија на меѓународната сцена – велат од „Македонија 2025“.

Реклама

Ова признание, додаваат, претставува симболично, но суштински важно признание за несебичниот придонес даден без лична корист – преку донации, инвестиции, отворање можности за соработка, трансфер на знаење, волонтерска работа, застапување на македонските интереси или промоција на македонската култура и вредности во светот.

– Ги охрабруваме сите што знаат за вакви примери на посветеност и општествена одговорност да ги предложат овие личности. Номинации може да поднесат домашни и странски физички лица, здруженија на граѓани, владини и невладини организации, асоцијации, како и функционери и вработени во државни органи. Признанијата се доделуваат во разни области во согласност со конкретниот придонес на номинираното лице, меѓу кои: филантропија и социјално влијание, бизнис и претприемаштво, академска и истражувачка извонредност, лидерство и застапување, уметност и култура, хуманитарна работа, иновации и технологија – посочуваат од „Македонија 2025“.

Признанијата, како што велат, ги врачува претседателот на Македонија во форма на повелба и плакета на свечен настан во рамките на самитот на „Македонија 2025“ или друг пригоден настан.

– Иницијативата e воспоставена во 2023 година со цел институционално и јавно да им се оддаде признание на членовите на дијаспората, кои придонесуваат за својата татковина. Таа создава простор за изразување благодарност кон оние што, иако живеат и работат надвор од земјата, остануваат активен и значаен дел од нејзиниот напредок. До денес се врачени четири признанија, со што се поставија темели на традиција што го афирмира позитивниот пример и ја јакне врската помеѓу дијаспората и Македонија – прецизираат од „Македонија 2025“.

Повеќе за претходните добитници: h4ps://macedonia2025.com/award/recogniAon-for-diaspora-contribuAon/