Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празните ветувања од СДСM, работниците добија реално повисоки плати, приоритет стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија, во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат конкретни политики, што носат резултати.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, застанавме на страната на работниците затоа што постоеја сериозни проблеми, како доцнење на платите, непочитување на колективните договори и обиди минималната плата да се отстрани од формулата за пресметка.

Реклама

Таквата промена ќе го прекинеше линеарниот раст и ќе ја ослабеше заштитата на илјадници вработени.

Заедно со синдикатите поднесовме повеќе од 40 амандмани и го спречивме тој процес. Со тоа обезбедивме минималната плата да остане дел од системот, што овозможува со нејзиниот раст да растат и другите примања.

Денес, разликата е очигледна. По две години управување со државата, не зборуваме за барања, туку за реализирани обврски.

Во општините платите се зголемени во просек за речиси 5.000 денари.

Во основното и средното образование зголемувањата се движат од 46 до 60 % во период од четири години.

Во високото образование платите се повисоки за најмалку 14 %.

Во здравството растот изнесува меѓу 40 и 50 % во рамките на еден мандат.

Полициските службеници добија покачување од 10 %, социјалните работници 20 %, а речиси 11.000 административни, судски и обвинителски службеници имаат обезбедено раст од 40 % до 2028 година.

Колективните договори се почитуваат, а исплатата на платите е редовна.

Инфлацијата е стабилизирана во однос на претходните двоцифрени стапки.

Ова се системски и одржливи решенија, а не ад хок мерки. На овој начин ја спроведуваме обврската кон работниците.

Отворени сме за разговор за минималната плата, но одлуките мора да се носат институционално, преку Економско-социјалниот совет и со пристап што обезбедува економска стабилност.

Работниците заслужуваат стабилност, сигурни договори и политики што даваат конкретни резултати.