Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Со засадување автохтони растенија ќе се стабилизираат свлечиштата во ХЕЦ „Глобочица“ 

Создавање отпорна и функционална критична инфраструктура преку решенија базирани на природата, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Создавање отпорна и функционална критична инфраструктура преку решенија базирани на природата, е целта на работилницата што се одржа во Струга во рамки на меѓународниот проект NATURE-DEMO (Nature-Based Solutions for Demonstrating Climate-Resilient Critical Infrastructure) во организација на ХЕС „Црн Дрим“.

Проектот, како што соопшти АД ЕСМ, е финансиран од Европската комисија, а се реализира во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

– Со оглед на тоа дека станува збор за инфраструктура од стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија, ХЕЦ „Глобочица“ е избрана како прва локација во државата каде ќе се применат напредни чекори преку стабилизација на свлечишта над браната со контролирано засадување на автохтони растенија и следење и превенција на евентуални идни ризици, соопшти АД ЕСМ.

Реклама

Работилницата, како што наведуваат, била одлична можност за  вмрежување и координација  меѓу експертите од ИЗИИС, тимот на АД ЕСМ Подружница ХЕС „Црн Дрим“, претставници од локалнaтa самоуправa на Струга и на Охрид, јавните претпријатија, НВО секторот и техничките експерти.

– Со ова партнерство, АД ЕСМ преку ХЕС „Црн Дрим“ активно придонесува кон воведување на современ пристап во заштитата и управувањето со инфраструктурата. Грижата за отпорноста и сигурноста на системот е заедничка одговорност, а ваквите активности претставуваат важен чекор кон негово понатамошно унапредување и долгорочна стабилност, посочува АД ЕСМ.