Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Преку Форумски проект Општина Василево ќе набави камион за собирање смет

Од петте форумски сесии, од кои последната се одржа синоќа, граѓаните на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од петте форумски сесии, од кои последната се одржа синоќа, граѓаните на Општина Василево одлучија да набават камион за собирање смет за ЈКП „Турија“, соопштија денеска од локалната самоуправа.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот на Василево, Славе Андонов, како што се наведува во соопштението, изразил благодарност до учесниците за вклученоста, сериозниот пристап и извонредните идеи и предлози и посебна благодарност до  донаторите, односно Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), Министерството за локална самоуправа и Проектна единица на УНДП – сите заедно заслужни за крајниот резултат: набавка на камион за собирање смет.

-Со набавениот камион, сигурен сум дека ќе ми се зголеми капацитетот на нашето Јавно комунално претпријатие, кое примарно е одговорно за одржувањето на комуналната хигиена и дека веќе од утре со зголемен капацитет поуспешно ќе одговара на секојдневните потреби на граѓаните во делот на прибирањето на отпадот, се наведува во пренесената изјава на Андонов.

Реклама

Од овој форумски процес, како продукт произлегоа и препораки до општината и градоначалникот, во форма на проекти чија реализација ќе го подобри животот на граѓаните во заедницата.

Инаку, овој форумски процес во Општина Василево се реализираше преку пет форумски сесии одржани во периодот 2024-2026 година во рамки на  Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“,финансирана од Швајцарската влада,  Министерството за локална самоуправа, и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.